Целта, објави Елисејската палата, е „француската извонредност во индустријата за оружје да се стави во служба на украинската одбрана“ и „да се овозможи набавка на системи потребни за спротивставување на руската агресија“. Француското претседателство посебно ја истакна „одбраната на украинскиот воздушен простор“, додека Володимир Зеленски во саботата го повтори својот повик за повеќе системи за воздушна одбрана по новите масовни руски воздушни напади врз неговата земја.
Францускиот претседател и неговиот колега ќе го започнат денот во воената воздухопловна база Вилакублеј, југозападно од главниот град. На украинскиот претседател, кој минатиот месец потпиша писмо за намера за купување на 100 до 150 шведски борбени авиони Грипен, ќе му биде претставен францускиот борбен авион Рафал и неговата опрема, како и системи за беспилотни летала и системот за воздушна одбрана САМП-Т од новата генерација.
Вториот треба да биде испорачан во Франција на почетокот на 2027 година. Системот има подобрени можности за пресретнување на ракети во споредба со сегашниот систем САМП-T, од кој еден е распореден во Украина.
„Работиме на испорака на неколку системи за воздушна одбрана, на зајакнување на нашите воздухопловни сили“, објави Володимир Зеленски во видео порака во петокот, додавајќи дека „се подготвува голем договор со Франција“ и дека е „сигурен дека ќе биде финализиран многу наскоро“. Тој рече дека се работи за „историски договор“.
На крајот на октомври, Макрон ја најави испораката – „во наредните денови“ – на противвоздушните ракети Астер што се користат за системот САМП-Т, како и дополнителни борбени авиони Мираж 2000. Киев веќе доби три од шесте ветени авиони. Двајцата лидери ќе учествуваат на француско-украинскиот форум за беспилотни летала во Елисејската палата попладне.
Оваа година, Киев планира да користи повеќе од 4,5 милиони дронови, кои се одговорни за 70 проценти од уништувањето на непријателската опрема на фронтовските линии. Земјата разви силна производствена мрежа за оваа намена. Украина, исто така, користи дронови за соборување на дроновите „шахед“ кои се лансираат кон нејзината територија секоја вечер.
Емануел Макрон и Володимир Зеленски ќе го посетат и Мон Валериен, западно од Париз. Таму, ќе го посети седиштето на „мултинационалните сили за Украина“, кои Париз и Лондон ги подготвуваат за распоредување како дел од договорот за прекин на огнот и „безбедносните гаранции“ што треба да му бидат обезбедени на Киев.
Ова седиште е основана од „коалицијата на спремните“, составена од 35 земји, вклучувајќи ја и Украина. Седиштето е „оперативно“ и „подготвено да распореди сили денот по прекинот на огнот“, според француски извори.
Оваа деветта посета на украинскиот лидер на Франција од почетокот на големата руска инвазија на земјата во февруари 2022 година доаѓа во време кога Украина е потресена од корупциски скандал што резултираше со оставка на двајца министри.






