вторник, 31 март 2026

Зеленски во Бундестагот: Урнете го ѕидот и помогнете ѝ на Украина

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски, за време на дваесетминутниот говор, алудирајќи на, според него, преслабата воена помош на Германија, зборуваше за ѕидот кој се наоѓа меѓу Германија и Украина:

„Германија работеше на тоа да изгради ѕид околу Украина и ја изолираше и ѝ ја испорача на Русија на тацна. Тој ѕид со секој ден е сè повисок, со секој ден за време на кој Германија не носи одлука за помош на Украина“, кажа Зеленски обраќајќи се во Бундестагот преку видеолинк.

Како потврда за тие тврдења тој го наведе фактот дека Германија премногу долго инсистирала на гасоводот Северен тек 2. Западот го обвини дека со одолговлекувањето да ја прими Украина во НАТО ја овозможил руската агресија. Алудирајќи на САД, Зеленски го обвини Берлин дека „една земја преку океанот“ прави повеќе од Германија која е во соседството.

Зеленски апелираше и на историската одговорност на Германија. Кажа дека руската војска секојдневно убива семејства и праша дали, како и по Втората светска војна, со децении ќе трае соочувањето со вината поради тоа што не ѝ се помогнало на Украина.

Тој го спомена и Бабин Јар, местото во Украина во кое во 1041 германските војници со украинските соработници извршија еден од најголемите колежи во Втората светска војна. „Пред некој ден руска ракета падна во спомен-подрачјето“, кажа Зеленски, кој и самиот е со еврејско потекло.

„Повторно во Европа сме сведоци на обид да се уништи цел еден народ“, кажа украинскиот претседател и го бранеше правото на својата земја да живее и да одлучува самостојно.

На крајот на говорот Зеленски директно му се обрати на германскиот канцелар Олаф Шолц парафразирајќи ги зборовите на поранешниот американски претседател Роналд Реган, кој пред Берлинскиот ѕид од тогашниот претседател на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов побара да го урне ѕидот.

„Канцеларе Шолц, урнете го тој ѕид. Дајте ѝ ја на Германија водечката улога која таа ја заслужува и поддржете нè“, кажа Зеленски.

Пратениците во Бундестагот говорот на Зеленски го поздравија со долг аплауз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ