среда, 7 јануари 2026

Зеленски: Украина веќе би ја завршила војната доколку имаше пристап до подобро оружје, какво што користи Русија

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски доцна синоќа изјави дека „во сите интервјуа и преговори со лидерите на демократскиот свет е неправедно тоа што Украина сè уште е принудена да го бара она што нејзините партнери го складираат со години“.

Тој рече дека морална должност на овие земји е да помогнат во заштитата на слободата, да ги спасат животите на илјадници Украинци доколку имаат оружје и муниција што ѝ се потребни на Украина.

Во своето обраќање Зеленски рече дека Украина, доколку го добие оружјето што ѝ е ветено во наредните недели, ќе спаси животи на илјадници луѓе.

Зеленски додаде дека интензитетот на рускиот оган во Харков во Донбас и во регионот Днепропетровск е зголемен, дури и врз цивилни структури.

„Судбината на десетици илјади жители на Мариупол кои се преместени на територии под руска контрола не е позната“, рече Зеленски, пренесе Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ