понеделник, 8 декември 2025

Зеленски: Украина договори увоз на гас од Грција

Украина ќе добива гас од Грција за да ги покрие своите зимски потреби, изјави претседателот Володимир Зеленски, ветувајќи дека ќе обезбеди речиси 2 милијарди евра за да се надоместат загубите предизвикани од руските напади врз домашното производство.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

“Денес веќе го подготвивме договорот со Грција за гас за Украина, што ќе биде уште еден правец на снабдување со гас за да обезбедиме што повеќе увоз за зимата”, рече Зеленски во соопштението објавено на апликацијата Телеграм.

„Веќе имаме договори за финансирање на увозот на гас – и ќе ги покриеме речиси 2 милијарди евра потребни за увоз на гас за да ги компензираме загубите во украинското производство предизвикани од руските напади.“

Изјавата на Зеленски беше објавена пред неговата очекувана посета на Грција денес, од каде се очекува да отпатува за Франција и Шпанија, пренесува Ројтерс.

Русија го засили нападите врз производните капацитети за електрична енергија, системите за пренос на струја и постројките за производство на гас во четвртата година од војната против Украина.

Зеленски рече дека Киев обезбедил средства за увоз на гас од европски партнери и банки со гаранции од Европската комисија, како и од украинските банки, а исто така работи и со партнери од Соединетите Американски Држави за да обезбеди целосно финансирање.

Украина ги проширува своите опции за снабдување во зимски потреби преку полските партнери, каде што соработува со Азербејџан и се надева дека ќе склучи долгорочни договори, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ