понеделник, 22 декември 2025

Зеленски сподели фотографија од украински војник со нацистичко обележје, па ја избриша (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Непримерната фотографија беше објавена вчера на профилите на Зеленски на Инстаграм и Телеграм. На неа војник застанат покрај топ ја носи ознаката „тотенкопф“ на 3-тата СС оклопна дивизија, елитна нацистичка единица озлогласена за вршење бројни воени злосторства и масакри врз француски цивили и полски Евреи.

Ознаката „главата на смртта“ се смета за симбол на омраза кој се користи од неонацистите и други расисти, пренесува Раша тудеј.

Иако фотографијата беше избришана, таа набрзо потоа се појави на Твитер на профилот на украинското министерство за одбрана, со цитат на Зеленски за 9 мај како „Денот на победата над нацизмот“.

Во својот говор одржан по повод Денот на победата, со кој се одбележува поразот на нацистичка Германија од советската Црвена армија, Зеленски во неделата ја обвини Русија за „крвава реконструкција на нацизмот“ во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ