„Кога Украина се согласи да се откаже од нуклеарното оружје, цената што другата страна требаше да ја плати требаше да биде фер. Мислам дека членство во НАТО беше најмалку што украинските лидери требаше да го добијат во замена за нуклеарно оружје. Што добивме? Ништо. Тоа не беше фер игра и беше голема грешка“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека тоа не е само грешка на Украина, туку и на другите потписнички на Будимпештанскиот меморандум.
„Станува збор за нуклеарни држави. Ако од вас барале да се откажете од нуклеарното оружје, требало да ви обезбедат безбедносен чадор, можеби и нуклеарен. На крајот, сè беше измама. Нашето нуклеарно оружје претежно е пренесено во Русија“, тврди тој.
Меморандумот за безбедносни гаранции во врска со пристапувањето на Украина кон Договорот за неширење на нуклеарно оружје беше потпишан на 5 декември 1994 година во Будимпешта од страна на Украина, Руската Федерација, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.






