„Ниедна од овие ракети или „шахеди“ не би била можна без компоненти од други земји, испорачани во Русија преку разни шеми за набавка“, рече Зеленски во својата вечерна видео порака.
Украински експерти неодамна пронајдоа многу електронски компоненти од Кина во руските дронови кои се со изворно иранско производство.
Компоненти од европски земји или САД исто така се пронајдени во руско оружје во неколку наврати, иако нивниот извоз во Русија е забранет.
Најмалку 16 лица беа убиени во нападите врз Украина претходната ноќ, во кои Русија лансираше повеќе од 300 дронови и 8 ракети.
Трамп за последните напади на Русија врз Украина рече дека се „одвратни“ и ја повтори својата закана со санкции против Москва.
Зборувајќи со новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека не е сигурен дали санкциите ќе ја одвратат Русија. Тој му даде рок на рускиот претседател Владимир Путин до 8 август да преземе чекори кон мир или САД ќе одговорат со економски притисок.
Тој објави дека специјалниот американски пратеник Стив Виткоф, кој се сретна со Путин неколку пати, ќе отпатува во Русија по посетата на Израел.






