сабота, 14 март 2026

Зеленски: Русија му даде на Иран беспилотни летала, со нив се нападнати американските бази (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за Си-ен-ен изјави дека Русија му испорачала на Иран беспилотни летала кои потоа биле користени во напади врз американските воени бази на Блискиот Исток.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија веќе му даде на Иран беспилотни летала „шахед“. Русите користат ирански лиценци за производство на „шахед“.

Тие произведоа многу беспилотни летала и им ги дадоа. Имам 100 проценти потврдени факти дека иранскиот режим ги користел против американските бази на Блискиот Исток и соседните земји на Иран. Ги видовме разузнавачките информации што беа споделени со нас.

Овие беспилотни летала содржат руски делови. Украинското разузнавање ми кажа дека Русија и Иран споделуваат информации, дека Русите им помагаат на Иранците.

Моите разузнавачи ми кажаа и дека, ако Европа и САД можат да ѝ помагаат на Украина со собирањето разузнавачки информации во војната со Русија, тогаш тоа значи дека Русија може да му помага на Иран. Тоа е она што го мислат Русите. Тоа се случува и не е голема тајна“, рече Зеленски.

Овие тврдења доаѓаат во време кога беспилотните летала „шахед“, дизајнирани од Иран и кои Москва масовно ги произведува за војната во Украина, неочекувано успешно почнаа да ја пробиваат воздушната одбрана на заливските земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ