сабота, 7 февруари 2026

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 400 дронови и околу 40 ракети, избира напади наместо дипломатија

Русија ја нападна Украина со повеќе од 400 дронови и околу 40 ракети од различни видови во текот на ноќта, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на Икс, тој покрај фотографиите од теренот напиша дека, каде што е можно, спасувачките операции продолжуваат и дека главните цели се електричната мрежа, производствените погони и трафостаниците за дистрибуција на електрична енергија.

Штети се регистрирани во регионите Волин, Ивано-Франкивск, Лвов и Ривно, додаде тој.

Напади се регистрирани и во регионите Киев и Харков.

„Операциите за воздушна одбрана сè уште се во тек во некои региони. Секој ден, Русија може да избере вистинска дипломатија, но наместо тоа избира нови напади. Клучно е секој што ги поддржува трилатералните преговори да реагира на ова“, напиша Зеленски.

Тој додаде дека на Москва мора да ѝ се одземе можноста да го користи студот како средство за притисок врз Украина.

„Ова бара испораки на ракетите за системот Патриот, НАСАМС и други. Секоја пратка ни помага да ја пребродиме оваа зима. Им благодарам на сите наши партнери кои го разбираат ова и кои искрено ни помагаат“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ