„Невозможно е да се каже колку денови ни преостануваат да ја ослободиме украинската земја. Но можеме да кажеме дека ќе го направиме тоа. Веќе достигнавме стратегиска пресвртница“, рече тој во телевизиско обраќање, повикувајќи ја меѓународната заедница да ги зголеми санкциите кон Русија.
Зеленски тврди дека Русија ќе ангажира платеници од Сирија да се борат во Украина, пренесува Ројтерс.
Ако продолжи војната, ќе бидат неопходни дополнителни санкции од Западот против Русија, рече Зеленски. Тој ја повика Европската Унија да преземе посилни потези.
Русија мора да биде казнета за пукањето во хуманитарните конвои, рече Зеленски.
Претходно денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека на Блискиот Исток има 16.000 доброволци што се подготвени да дојдат и да се борат во Донбас, на страната на бунтовниците. Рускиот претседател Владимир Путин исто така рече дека ја поддржува идејата да им се дозволи на доброволците од Блискиот Исток да дојдат и дека треба да им се помогне да стигнат до борбените зони.






