четврток, 29 мај 2025

Зеленски: Работиме на производство на противвоздушни системи во Украина

Украина соработува со меѓународните партнери за локализирање на производството на неопходните системи за противвоздушна одбрана и ракети за овие системи, изјави претседателот на земјата Володимир Зеленски во своето вчерашно обраќање до нацијата, пренесува Укринформ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во нашата земја речиси цел ден траат воздушни узбуни. Ноќта повторно имаше напад со руски ракети и беспилотни летала. Балистички проектили, повеќе од 140 ударни дронови во текот на ноќта. Беше гласно во Киев, во другите наши градови. За жал, некои луѓе беа повредени. За жал, некои загинаа. Изразувам сочувство до семејствата и пријателите“, рече тој.

Според него, расчистувањето на урнатините во градовите Харков, Суми и Киев траело цел ден.

Зеленски истакна дека секоја недела се работи на тоа украинското небо да биде позаштитено, „и последните неколку недели не беа исклучок“.

„Ние работиме со партнерите не само да добиеме нови системи за противвоздушна одбрана и проектили за нив, туку и да можеме да го локализираме производството на овие системи и проектили што ни се потребни во Украина. Ова е една од стратешките одлуки што ни се потребни“, рече тој.

Зеленски истакна дека спроведувањето на ваквата иницијатива е еден од темелите на идната безбедносна архитектура во Европа. „И апсолутно е правилно што и руското небо, небото на државата агресор, денес е немирно“, додаде тој.

Ноќта на 7 мај руските сили ја нападнаа Украина со пет балистички проектили Искандер. Украинските одбранбени сили успеале да соборат два проектила, пренесува Укринформ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ