Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше Меркел и тогашниот француски претседател Никола Саркози, велејќи дека нивните одлуки на самитот на НАТО во 2008 година се пример за неуспехот на политиката кон Русија што придонесе за денешниот конфликт.
„Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел истрајува на своите одлуки во врска со самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година“, германската новинска агенција дпа ја цитираше изјавата од лицето одговорно за медиумите.
„Поранешната канцеларка целосно ги поддржува напорите на сојузната влада и меѓународната заедница кои стојат покрај Украина за да стават крај на варварството што го спроведува Русија и војната против Украина“, се додава во изјавата.
Во 2008 година Украина побара пристап до НАТО, а кој, според некои информации, бил блокиран од Саркози и Меркел.
Во завршната изјава од самитот на Украина ѝ било ветено идно членство, но без временска рамка за отворање акционен план за членство.






