понеделник, 8 декември 2025

Зеленски патува во Турција со надеж дека ќе ги „оживее“ мировните преговори со Русија

Украинанскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека утре ќе патува во Турција за да се обиде да ги „оживее“ мировните преговори и да ја обнови размената на затвореници со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Утре ќе одржам состаноци во Турција. Се подготвуваме да ги „оживееме“ преговорите и развивме решенија што ќе им ги предложиме на нашите партнери“, објави тој на социјалните мрежи.

„Исто така, работиме на продолжување на размената на затвореници и враќање на нашите затвореници дома“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер не сподели со кои официјални лица планира да се сретне, но извор од Турција денес изјави дека специјалниот претставник на САД Стив Виткоф ќе ја посети Турција во среда и ќе се придружи на планираните разговори со украинскиот претседател.

Русија сè уште не реагирала на најавата на украинскиот претседател. Во Истанбул се одржаа неколку рунди разговори во обид да се стави крај на руската инвазија на Украина започната во 2022 година, но разговорите досега не донесоа големи придобивки.

Размената на затвореници и репатријацијата на останките се единствените конкретни резултати од овие разговори. Последната размена на затвореници беше во октомври. Ставовите на двете страни за условите за мир, примирје, па дури и средба меѓу претседателите на завојуваните страни остануваат дијаметрално спротивни.

Володимир Зеленски од вчера е на турнеја низ европските земји за да побара поголема поддршка од своите сојузници додека Русија ја бомбардира енергетската инфраструктура на Украина пред зимата. Денес треба да се сретне со шпанскиот премиер Педро Санчез и кралот Фелипе Шести, денот по неговата посета на Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ