недела, 14 декември 2025

Зеленски: Ослободуваме села во Суми. На две места стигнавме до руската граница

Украинанскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Вооружените сили на Украина ослободиле шест од 18 окупирани села и важни локации во Сумискиот регион и стигнале до границата со Руската Федерација на две места, пишува украинскиот Интерфакс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сумскиот регион. Имавме 18 окупирани села или важни локации таму. Шест се ослободени. Значи, продолжуваме напред. Ова е добра вест. Стигнавме до границата со Руската Федерација на две места.

Мислам дека ситуацијата таму е повеќе или помалку позитивна. Утрово ме информираа Олег Апостол (командант на Воздушно-десантните сили) и Олександр Сирски (врховен командант на Вооружените сили). Уште 900 метри се исчистени во Сумискиот регион на неколку точки до самата граница.“

Според Интерфакс, покрај тоа, украинските одбранбени сили ги држат своите позиции во Запорожскиот регион. Зеленски исто така изјави дека Вооружените сили напредувале еден километар во регионот на Луганск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ