Тој кажа дека сè уште нема „конкретна листа на земји кои се спремни 100 отсто да застанат зад Украина“. Додаде дека Украина во моментов преговара за безбедносни гаранции со повеќе земји, вклучувајќи ги САД, Франција, Германија, Турција, Британија и Полска, пренесува Си-ен-ен.
„Потребни ни се сериозни играчи кои се спремни да одат до крај. Потребна ни е група земји кои можат за 24 часа да ни испорачаат какво било оружје. Мора да станува збор за држави кои имаат реално влијание врз одредувањето санкции и кои се спремни на мобилизација штом ни се закани Руската Федерација“, кажа Зеленски.
„Тие земји би се здружиле. И во рок од 24 часа, два или три дена, би вовеле санкции, сè би блокирале. Едноставно би ја блокирале Русија“, додаде украинскиот претседател.
Околу членството во НАТО Зеленски кажа дека Украина би се придружила на воениот блок дури и ако на Русија непридружувањето во НАТО ѝ е услов на мировните преговори.
„Ако утре ни се понуди членство во НАТО, а притоа да не ги ризикуваме животите на граѓаните, тогаш ќе се придружиме“, додаде.






