петок, 19 декември 2025

Зеленски: Му понудивме на Путин средба дури и во Казахстан, ние сме подготвени (ВИДЕО)

Украинанскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и други земји ѝ понудиле на Русија разговори на ниво на лидери, дури и во Казахстан, објави Фокс њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Фокс њуз, украинскиот претседател рече дека е подготвен да се сретне со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, каде било – но не во Москва, како што претходно предложи претседателот на Руската Федерација.

„И тимот на Трамп, мојот тим, Европејците, вклучувајќи го Макрон и другите лидери, и претседателот на Турција, сите ние понудивме средба во Турција, Саудиска Арабија, Катар, во Европа, и во неутрални држави како Австрија или Швајцарија. Рековме: „Дури и ако сакате некаде како Казахстан. Подготвени сме“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сега му верува повеќе отколку на Путин, што се случи откако Трамп рече дека рускиот лидер „го изневери“.

Трамп исто така изјави дека Украина, со поддршка на Европската Унија, може да ја добие војната и да ги врати сите окупирани територии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ