„Ние (Русите) поставуваме ултиматум, еве ги сите точки, исполнете ги и тогаш ќе ја сопреме војната – тоа не е правилно, тоа нема да даде резултат“, кажа украинскиот претседател, истакнувајќи дека „народот е обединет“. „Москва, на пример, сакаше градовите Харков, Мариопол и Киев да се предадат“, кажа тој.
„Но, ни жителите на Харков, ни на Мариопол, ни на Киев, ни јас, претседателот, не можеме тоа да го направиме. И тоа добро го гледаме во окупираните градови Мелитопол, Берданск… Луѓето не се даваат. Тие (Русите) креваат знаме, луѓето го симнуваат“, кажа Зеленски.
„Што сакате? Уништете нè сите. Затоа кажувам: ќе го исполниме тој ултиматум само ако повеќе нè нема“, кажа украинскиот претседател.
Зеленски утре треба преку видеолинк да се обрати на италијанскиот парламент, а во среда на францускиот. Тој веќе им се обрати на пратениците на САД, Канада, Британија, Германија и Израел.






