среда, 1 април 2026

Зеленски им ги одзеде воените чинови на двајца „предавнички“ генерали

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски рече дека еден од генералите, Андреј Олехович, бил на чело на внатрешната безбедност во СБУ, главната разузнавачка агенција, додека другиот, Криворучко Серхиј Олександрович, бил шеф на СБУ во Херсон, првиот поголем град што падна во рацете на Русите.

Украинскиот претседател двајцата сега веќе поранешни украински генерали ги нарече антихерои. „Сега немам време да се занимавам со предавници. Но со текот на времето, сите ќе бидат казнети“, рече Зеленски.

Не се соопштуваат други детали за генералите или нивната судбина.

Зеленски во средата ги смени амбасадорите на Киев во Мароко и во Грузија, велејќи дека тие не направиле доволно за да добијат оружје за Украина или да ги натераат овие земји да воведат санкции против Русија.

„Има такви што работат за Украина да може да се брани и да се бори за својата иднина, и има такви што си го трошат времето држејќи се за своите позиции. Јас го потпишав првиот указ за отповикување на такво лице, амбасадорот во Мароко“, рече Зеленски во видеопорака.

„Го отповикавме и амбасадорот во Грузија“, додаде тој.

Претставникот на Киев во Грузија, Игор Долгов, беше повикан на консултации претходно овој месец, откако Тбилиси одби да ги одобри санкциите против Русија.

Грузија, исто така, им забрани на доброволците од оваа кавкаска земја да одат во Украина.

„Со сета почит, нема оружје, нема санкции, нема ограничувања за рускиот бизнис. Најдете си друга работа“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ