недела, 29 март 2026

Зеленски го викна Путин на преговори

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот лидер Володимир Зеленски му понуди маслиново гранче на рускиот претседател Владимир Путин, предлагајќи преговори, додека борбите продолжуваат низ целата земја и судирите се поблиску до главниот град на земјата, Киев.

„Сакам повторно да му се обратам на претседателот на Руската Федерација. Борбите продолжуваат низ цела Украина. Ајде да седнеме на преговарачка маса за да ги запреме човечките жртви“, рече Зеленски, по изјавата на советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак, кој рече дека владата „секогаш оставала и остава простор за преговори“ и покрај „целосна инвазија“ на руските трупи.

Претходно денеска Подољак изјави дека „доколку се можни преговори, тие мора да се одржат“, навестувајќи дека Зеленски и неговата влада се подготвени да разговараат за „статусот на неутралност“ доколку Москва го побара тоа.

Покрај понудата за разговори до Русија, Зеленски ги нападна европските земји, за кои сметаше дека не покажале подготвеност „да се борат со“ неговата земја и „да ја видат Украина во НАТО“.

Одговарајќи на понудата на украинскиот претседател, Кремљ истакна дека тоа е позитивен чекор што руските власти ќе го разгледаат, додека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изрази загриженост дека Зеленски не бил искрен во врска со подготвеноста да се разгледа статусот на неутралност.

Борбите продолжија во текот на ноќта меѓу украинските и руските сили низ цела Украина, а Русите стигнаа и до Киев.

АП објави видео на кое се гледа дека Украинците се кријат во подземни скривалишта и во градските метростаници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ