понеделник, 15 декември 2025

Зеленски ги посети војниците на фронтот: „Тие се борат против платеници од Азија и Африка“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили што се борат во близина на градот Вовчанск во Харковскиот регион вклучуваат странски платеници од Кина, Таџикистан, Узбекистан, Пакистан и неколку африкански земји.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

За време на посетата на 57 посебна моторизирана пешадиска бригада, која го брани секторот Вовчанск, Зеленски се сретна со командантите за да разговара за ситуацијата на бојното поле, борбените операции и потребата од пешадија.

Вовчанск, кој се наоѓа на само пет километри од руската граница, е место на интензивни борби откако Русија започна нова копнена офанзива во Харковскиот регион во мај 2024 година.

„Војниците на овој фронт регистрираат учество на платеници од Кина, Таџикистан, Узбекистан, Пакистан и африкански земји во војната. Ние ќе одговориме“, рече Зеленски.

Тој додаде дека разговарал на прашањата за регрутирање и зголемување на пристапот до технологијата на дронови, клучен фактор во тековните одбранбени и извидувачки напори на Украина.

Во април, Зеленски изјави дека „неколку стотици“ кинески граѓани учествуваат во војната на страната на Русија. Кина негираше вмешаност, велејќи дека ги повикува своите граѓани да избегнуваат вооружен конфликт.

Москва исто така употреби околу 12.000 севернокорејски војници распоредени од Пјонгјанг за да се спротивстави на украинската инвазија на Курскиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ