Зеленски рече дека преговарачот Рустем Умеров го информирал за резултатите од вчерашните разговори во Франција.
„Важно е Украина успешно да ги обедини напорите на европските и американските тимови и заедно разговаравме, меѓу другото, за документи поврзани со реконструкцијата и економскиот развој. Беа разгледани и сложени прашања од основната рамка за завршување на војната, а украинската страна презентираше можни опции за финализирање на овој документ. Разбираме дека американската страна ќе контактира со Русија и очекуваме повратни информации за тоа дали агресорот е навистина подготвен да ја заврши војната“, напиша Зеленски на Икс.
Тој рече дека руските напади не укажуваат дека Москва ги преиспитува своите приоритети.
„Во овој контекст, потребно е притисокот врз Русија да продолжи да расте со ист интензитет како и работата на нашите преговарачки тимови. Изводливоста на идните безбедносни гаранции мора да се докаже со способноста на нашите партнери да извршат ефикасен притисок врз агресорот во оваа фаза. Подготвуваме нови релевантни контакти со партнерите“, рече Зеленски.






