„Не можеме да дочекаме (санкции). Потребни ни се силни одлуки, а ЕУ мора да ги донесе сега. Тие мора да ја санкционираат нафтата и сите руски банки“, рече Зеленски.
„Русите знаат дека ќе поминат неказнето бидејќи Европа и понатаму претпочита продолжување на соработката, трговијата, бизнисот како и обично“, рече Зеленски.
„Секоја држава на ЕУ мора да одреди услови кога ќе ги отфрли или ограничи (руските) извори на енергија како што е гасот. Дури тогаш руската влада ќе сфати дека е неопходно да бара мир, дека војната за нив се претвора во катастрофа“, рече тој.
Минатата недела ЕУ одобри петта рунда санкции кон Русија, што вклучуваше прекин на увозот на руски јаглен. ЕУ изработува предлози за можно ембарго на ЕУ за нафтата на Русија, изјавија министрите за надворешни работи, но сè уште нема договор за забрана на руската нафта.






