понеделник, 30 март 2026

Зеленски до американските сенатори: Ова е можеби последен пат да ме видите жив

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски побарал нови санкции во областа на енергетиката, но и дополнително оружје како помош во одбраната од руската инвазија, според пет лица кои учествувале во повикот, пишува Политико. Тој наведе и дека украинскиот претседател побарал од САД забрана за увоз на руската нафта, но и прекин на сите комерцијални трансакции преку Виза и Мастеркард.

Нешто подоцна беше објавено дека Мастеркард или Виза картичките издадени во Русија нема да работат во странство, а картичките издадени во странство нема да работат во земјата.

Зеленски упатил директен апел за повеќе авиони, беспилотни летала и противвоздушни ракети Стингер.

Зеленски им се заблагодари на Американците за досегашната помош. Средбата траела околу еден час, а на почетокот на средбата Зеленски им кажал на Американците дека можеби тоа е последен пат да го видат жив.

Тој се обидел да ја поврзе руската војна против Украина директно со европската безбедност, истакнувајќи дека Украина има 15 нуклеарни централи, тврдејќи дека континуираното крвопролевање може да предизвика нуклеарна катастрофа со последици за целиот континент.

Зеленски во неколку наврати изјави дека е „мета број еден“, додавајќи дека руските специјални сили го бараат, а вчера британски Тајмс објави дека Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните денови.

Тајмс неодамна објави дека платеници од т.н Вагнерова група и чеченски специјални сили се испратени да го елиминираат Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ