Марк Стоун, експерт на Скај њуз, кажа дека „Зеленски алудирал на фактот дека Русија е постојана членка на Советот за безбедност“. „Начинот на функционирање на тоа тело значи дека тоа не може да направи ништо значајно сè додека Русија е постојана членка“.
„Зеленски не навлезе во детали, но се чини дека сугерираше дека Русија би требало да биде исфрлена од Советот за безбедност“, додаде Стоун.
„Но, како што сега стојат нештата, невозможно е легално да се исфрли Русија. Ако се вратиме на формирањето на Обединетите нации, Русија има позиција на постојана членка на Советот и поради тоа би требало да гласа за самата да се исфрли себеси од тоа тело, што очигледно никогаш нема да го направи“, објасни британскиот експерт.






