недела, 1 февруари 2026

Завршија разговорите Бајден-Путин: Ако Русија ја нападне Украина ќе следи брз одговор

Објавено на

часот

Сподели

Бајден и Путин денеска разговараа во врска со руското распоредување војници околу Украина.

Претседателот на САД, пренесува Ројтерс, му рекол на својот руски колега дека се подготвени за дипломатија и „други сценарија“.

Повикот започна во 17:04 часот и заврши повеќе од еден час подоцна во 18:06 часот, изјави претставник на Белата куќа.

Бајден во разговорот со Путин го повтори ставот дека руска инвазија на Украина „ќе предизвика големо страдање“ и „ќе ѝ наштети на позицијата на Русија во светот“.

„Американскиот претседател јасно му стави до знаење на Путин дека Америка, посветена на дипломатско решение на кризата, во координација со сојузниците и партнерите е подеднакво подготвена и за други сценарија“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Во последниот обид да се избегне судир, двајцата лидери разговараа по телефон еден ден откако Вашингтон и неговите сојузници предупредија дека руските сили стационирани на границата со Украина може да ја нападнат Украина „во секој момент“.

„Бајден и Путин имаа професионален, суштински повик“, рече претставник на американската администрација.

Тој исто така изјави дека останува нејасно дали Русија е подготвена да оди по дипломатски пат или можеби да продолжи со воената акција.

Тој, исто така, рече дека Русија е сè поизолирана „од поширокиот свет и се повеќе зависна од Кина“.

„Бајден и Путин директно разговараа за сите прашања што САД јавно ги покренаа“, додаде функционерот.

Зголемувањето на руските војници во близина на Украина и налетот на воената активност ги поттикнаа стравувањата дека Русија би можела да изврши инвазија. Русија негира дека има такви планови.

Претходно денеска, францускиот претседател Емануел Макрон му рече на Путин дека искрените преговори се некомпатибилни со ескалацијата на тензиите околу Украина, соопшти Франција.

Бајден и Макрон треба да разговараат по одвоенити разговори со Путин, изјави претставник на француското претседателство. Официјалниот претставник рече дека нема индикации од тоа што Путин му го рекол на Макрон дека Русија подготвува офанзива врз Украина.

„Сепак, ние сме исклучително будни и внимателни во однос на рускиот (воен) однос со цел да се избегне најлошото“, рече претставникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ