11.000 војници промаршираа денеска на Црвениот плоштад во Москва додека Русија ја прославуваше 77-годишнината од поразот на нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Конфликтот во Русија се нарекува Големата патриотска војна, а 9 мај е еден од најпочитуваните празници во земјата.
Маршираа сите гранки на руските вооружени сили, вклучително и воздушните трупи, воената полиција, националните гардисти и кадетите.
Повеќе од 130-те оклопни возила беа предводени од легендарниот тенк Т-34-85, кој беше еден од најупотребуваните тенкови на Црвената армија за време на војната. Најсовремените главни борбени тенкови T-90M Провив, ракетните системи за противвоздушна одбрана С-400 и термонуклеарните интерконтинентални балистички ракети Јарс, беа меѓу другото највисокоразвиено оружје изложено на Црвениот плоштад.
Воздушниот дел од програмата беше откажан наводно поради лошо време. Беше најавено дека осум руски борбени авиони ќе летаат во формација на буквата Z, што е официјален симбол на руската инвазија на Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин положи цвеќе на спомениците на херојските градови што претрпеа најголеми загуби во борбата против нацизмот, вклучувајќи ги Киев, Одеса, Ленинград, Сталинград… Путин, под будното око на телохранителите, оддаде почит и на гробот на непознатиот јунак.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=czKIvFGMJPU autoplay:0]





