понеделник, 30 март 2026

Заврши третиот круг разговори Киев-Москва: „Мали, позитивни чекори напред“

Објавено на

часот

Сподели

Членот на украинската делегација Михаило Подољак изјави дека има „мали, позитивни промени и предлози за подобрување на логистиката за хуманитарните коридори“.

„Продолжија интензивните консултации, со инсистирање на прекин на огнот и безбедносни гаранции“, напиша Подољак на Твитер.

Пред разговорите Русија рече дека „ќе се обиде повторно“ да разговара за патиштата за евакуација со Украина, според главниот руски преговарач.

Говорејќи на пат кон третиот круг разговори во Белорусија, Владимир Медински рече дека двете страни ќе разговараат за „истите прашања, политичките спогодби, меѓународните хуманитарни прашања и военото решение“ како и на минатонеделните разговори.

„Ќе се обидеме повторно“ да разговараме за патиштата за евакуација со украинската страна, рече Медински, жалејќи се за нивниот неуспех минатата недела.

Денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе отвори коридори за евакуација од 2 часот по полноќ по средноевропско време од украинските градови Киев, Харков, Суми и Мариупол.

Украинската заменик-министерка за надворешни работи Ирина Верешчук одговори на соопштението, барајќи Русија „да ги прифати опциите за нашите рути, како и да воспостави прекин на огнот, за што ќе се договориме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ