недела, 22 февруари 2026

Застрелан маж што се обидел да влезе на имотот на Трамп во Флорида (ВИДЕО)

Американската тајна служба соопшти дека убила маж кој се обидел да влезе нелегално во безбедна зона околу имотот на Доналд Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според службата, мажот бил забележан на северната порта од комплексот во Вест Палм Бич околу 1 часот и 30 минути по локално време. Како што се наведува, носел нешто што личело на пушка, како и канистер за гориво, пренесува Скај њуз.

Агенти на Тајната служба и заменик-шериф на округот Палм Бич се соочија со осомничениот, по што припадници на безбедносните сили отворија оган. Во инцидентот нема повредени припадници на Тајната служба или локалната полиција.

Доналд Трамп бил во Вашингтон во времето на инцидентот.

Тајната служба соопшти дека убиениот маж имал околу дваесет години, а неговиот идентитет не е објавен додека не бидат известени членовите на семејството. Околностите на инцидентот, мотивите и употребата на сила се предмет на истрага од страна на ФБИ, Тајната служба и Канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ