среда, 31 декември 2025

Заразено дете: во Кина прв случај на птичји грип Х3Н8 кај луѓето

Објавено на

часот

Сподели

Познато е дека сојот Х3Н8 ги инфицира коњите, кучињата и фоките, но не беше регистриран кај луѓето.

Кинеското министерство за здравство соопшти дека четиригодишното момче, кое живее во централната провинција Хенан, било позитивно на сојот Х3Н8.

Момчето на почетокот на април било хоспитализирано со температура и други симптоми на грип.

Семејството на заразеното момче одгледува кокошки и живее во област населена со диви патки.

Како што се наведува, момчето било заразено директно од птици.

Министерството за здравство додава дека ризикот од зараза од големи размери е релативно мал.

Сепак, властите апелираат до луѓето да не им се приближуваат на угинати или болни птици и да одат кај лекар во случај на треска или појава на респираторни симптоми.

Случаите на пренесување на птичји грип меѓу луѓето се исклучително ретки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ