среда, 4 февруари 2026

Замрзнати игуани паѓаат од дрвјата во Флорида (ВИДЕО)

Поради студениот бран што ја погоди Флорида, илјадници игуани се замрзнаа и почнаа да паѓаат од дрвјата низ целата држава. Температурите паднаа на рекордно ниски нивоа. Орландо забележа најниска температура од -4°C, најниската температура забележана во февруари од 1923 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ладнокрвните влекачи стануваат неподвижни поради ниските температури и паѓаат на земја во голем број. Локалната телевизиска станица ВПЛГ 10, со седиште во Мајами, објави дека „игуаните паѓаат од небото“. Нормалните температури за ова време од годината во Флорида се движат од 12 до 23 степени Целзиусови.

Екстремниот студен бран доаѓа една недела откако силна бура го зафати поголемиот дел од САД, убивајќи повеќе од 100 луѓе и оставајќи бројни заедници закопани во снег и мраз.

Властите ги повикаа жителите да ги соберат влекачите и да ги донесат на местата за собирање, каде што ќе бидат хумано еутанизирани или предадени на лиценцирани одгледувачи за продажба надвор од државата. Државната агенција за диви животни објави дека повеќе од 2.000 зелени игуани зашеметени од студот биле собрани за време на дводневна операција за отстранување, организирана за време на студениот бран.

Џесика Килгор, сопственичка на „Игуана солушнс“, компанија специјализирана за отстранување на инвазивни видови, изјави за ВПЛГ 10 дека собрала стотици живи и мртви гуштери за време на студениот бран.

Комисијата за заштита на рибите и дивите животни на Флорида (ФВЦ) донесе извршна наредба со која им се дозволува на граѓаните да транспортираат игуани до канцелариите на комисијата. Зелените игуани живеат слободно во природата, но за да ги чувате како домашни миленици е потребна дозвола.

„Ова е прв пат да издадеме ваква извршна наредба поврзана со игуаните“, изјави извршниот директор на ФВЦ, полковник Роџер Јанг, за „Фокс енд Френдс“ во понеделникот. „Проценивме дека можеме да го искористиме овој студен бран како можност да му помогнеме на екосистемот на Флорида“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ