„Нема само да го свртиме погледот“, додаде тој. Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, Карим Кан изјави дека ќе биде покрената истрага за можни воени злосторства извршени од Русија во Украина. Зборувајќи за Владимир Путин, неговите генерали и руските војници во Украина, Доминик Рааб изјави за Би-би-си дека постои „реален ризик да завршат на столовите за обвинети во Хашкиот суд“.
Тој нагласи дека е уверен дека доколку МКС одлучи да дејствува, „Британија и нејзините сојузници ќе ја дадат својата практична и логистичка поддршка“.






