понеделник, 8 декември 2025

Заложничка криза во синагога во Тексас, Бајден: Ова е акт на тероризам

Објавено на

часот

Сподели

Сите четворица заложници од синагогата во Колевил беа ослободени кога специјалните полициски сили влегоа во зградата на синагогата, соопштија властите во Тексас.

Киднаперот е убиен, а специјалниот агент на ФБИ Мет Десарно изјавил дека нивните истражители ќе утврдат сѐ што е поврзано со овој случај.

Агентот Десарно рече дека киднаперот бил особено фокусиран на прашање што не е директно поврзано со еврејската заедница и дека нема директни знаци дека човекот бил дел од некаков поширок план, но додаде дека истрагата на агенцијата „ќе има глобален обем“.

Според некои медиуми, киднаперот побарал ослободување на Ејафија Сидики, пакистанска невронаучничка што е осомничена дека е поврзана со Ал каеда и се наоѓа во федералниот затвор во Тексас.

Десарно рече дека мажот е идентификуван, но дека во овој момент властите не се подготвени јавно да го соопштат или да го потврдат неговиот идентитет.

Рабин во Њујорк добил повик од рабин за кој се верува дека бил држен како заложник во синагогата во Тексас, по што ја известил полицијата.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека вооружениот напаѓач што ја прекинал верската служба во синагогата во Коливил, Тексас, и зел четири лица како заложници, учествувал во терористички чин.

„Тоа беше терористички чин“, рече Бајден за време на денешната посета на Филаделфија, додавајќи дека нема доволно информации зошто напаѓачот ја нападнал синагогата, пренесе Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ