вторник, 31 март 2026

Захарова: Западот никогаш не сакаше Киев да го исполни договорот од Минск

Објавено на

часот

Сподели

Почитувањето на Минските договори од страна на Киев не беше дел од планот на Западот, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за радиостаницата Спутник.

„Имплементацијата на договорите од Минск и реинтеграцијата на Донбас во Украина никогаш не беа дел од нивниот план. Тие планираа крвопролевање, колење цивили и геноцид“, посочи таа.

Веќе седум години западните земји ги игнорираат повиците на Русија да извршат притисок врз Киев да го исполни договорот од Минск, истакна Захарова. „Тие не направија ништо, не презедоа ништо и не покажаа волја да направат ништо, тие само постојано мрмореа во микрофоните дека секој треба да си ја сработи работата и да ги спроведува Минските договори, пред сѐ укажувајќи на Русија, иако тоа не беше дел од договорите“, рече руската дипломатка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ