недела, 15 март 2026

Захарова за ситуацијата во источна Украина: Ова е геноцид, 700 илјади луѓе бегаат во Русија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека ова што се случува во Донбас е геноцид кој го спроведува Киев.

„А сега западните партнери си дозволуваат себеси да се сомневаат во тоа дека ситуацијата таму не е онаква каква што кажуваме дека е, дека таму нема масовни гробници, дека тоа може да е лажна вест, дека таму ситуацијата не е како геноцид. Не, тоа навистина не е како геноцид, тоа е геноцид, природен. Можеби не во таков обем како во Африка, но зар треба да оперираме со квантни параметри ако седум години гинат деца, жени, цивилно население, кога луѓето воопшто не знаат што е мирен живот, кога за нив звукот на граната е нешто сосема нормално?“, порача Захарова.

Гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев му се обрати на претседателот на Русија Владимир Путин со молба да пружи итна помош за неочекувано големиот прилив на бегалци од Донбас, соопшти портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Путин разговараше по телефон со вршителот на должноста министер за вонредни ситуации Александар Чупријан и му наложи итно да отпатува во Ростовската област за на лице место да организира создавање услови за сместување, обезбедување топли оброци и сè што е неопходно, вклучувајќи медицинска помош“, кажа Песков.

Рускиот претседател ѝ наложил на владата да му исплати по 10.000 рубљи (околу 115 евра) на секој бегалец кој ќе стигне од Донбас во Ростовската област.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ