„Протерувањето на 12 дипломати од Постојаната мисија на Русија во Њујорк ја сметаме за намерна и цинична провокација која Вашингтон ја испровоцира во руско-американските односи кршејќи ги обврските кон релевантниот договор со земјата домаќин“, кажа Захарова.
„Администрацијата на (американскиот претседател Џо) Бајден ја продолжува својата линија не само целосно да ги уништи темелите на меѓудржавните односи, туку и да ја поткопа централната улога на Обединетите нации во обид за наметнување на озлогласениот светски поредок заснован на владеењето кое го диктираат Соединетите Држави и нивните сателити. Смислата на она што се случува и моментот избран за оваа чисто непријателска акција ни се очигледни – да го засилат притисокот, да ги засилат уцените и заплашувањата за да ја ослабиме својата позиција, да нè лишат од можноста целосно да работиме на платформата на ОН“, кажа Захарова.
„Одвратните американски трикови никому не му се новост. Повторно и повторно, губејќи на дипломатско поле, Вашингтон се обидува да се одмазди со злоупотреба на позиицјата на земја на чија територија се наоѓа седиштето на ОН“, додаде таа.
„По инцидентот, повеќе нема место за изговори и одолговлекување околу прашањето на моменталното формално почнување арбитражна постапка меѓу ОН и САД во врска со нивното грубо кршење на Договорот за седиштето. Повторно го потсетуваме на ова генералниот секретар на ОН. Што се однесува до протерувањето на руските дипломати, тоа нема да остане без соодветна реакција и одговор – не нужно симетрично. Ги советуваме надлежните во Вашингтон да размислат за последиците на својата деструктивна линија“, заклучи Захарова.






