„Тоа беше цртеж, толку моќна шлаканица што требаше да ги отрезни сите оние кои неколку години, одвоени од историјата, од географијата, од реалноста, постојано повторуваа приказни за бојното поле, каде што наводно сè ќе се одлучи, а воопшто да не разбираат за што зборуваат“, рече Захарова.
„Оваа шлаканица веројатно требаше да го разбуди Зеленски на некој магичен начин“, продолжи таа. „Мислам за целосно да се вразуми нема да биде лесно, на никој, туку барем некако да се размрда – да му се покаже нему, и на сите оние што ги штити или кои се кријат зад него, колку изгубиле, колку прокоцкале и колку пропуштиле“, додаде Захарова.
На пораката што Трамп ја испрати со мапата претходно предупреди Би-би-си, кој забележа дека околу 20 проценти од територијата на мапата прикажана во Овалната соба е обележана со розова боја. Би-би-си го нарече тоа „студен потсетник за Украинците во просторијата за моменталната состојба по речиси четири години војна“. Тие додадоа дека присуството на мапата е „јасен начин Трамп да го зголеми притисокот врз Зеленски да се согласи да тргува со територии за мир“ за време на разговорите зад затворени врати.






