петок, 19 декември 2025

Захарова: Странски трупи во Украина се неприфатливи, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредувањето странски трупи во Украина во кој било формат и го смета тоа за неприфатливо, изјави за новинарите портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова беше нејзин коментар за изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, за плановите за испраќање европски сили во Украина, идеја што беше отфрлена и од Германија.

Во интервју за Фајненшл тајмс во неделата, фон дер Лаен изјави дека Европа изработува „прилично прецизни планови“ за распоредување на мултинационални сили во Украина како дел од повоените безбедносни гаранции што ќе бидат поддржани и од САД.

„Русија нема да разговара за странска интервенција во Украина во кој било формат, што е фундаментално неприфатливо и се заканува на секоја форма на безбедност“, рече Захарова.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц исто така ги отфрли изјавите на фон дер Лаен во вторник. „Не постојат никакви прецизни планови за воена акција, барем не во Германија“, рече Мерц.

„Европската Унија не е одговорна за донесувањето одлуки за воена поддршка на Киев“, истакна тој и додаде дека ова прашање е за таканаречената коалиција на спремните, поширока група западни сојузници на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ќе се сретне во Париз со Фон дер Лаен, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и лидерите на Германија, Франција и Обединетото Кралство.

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, политичарите на чело на „коалицијата на спремните“, околу триесет претежно европски земји сојузнички на Украина, се обидуваат да смислат цврста понуда од Европа за заштита на Украинците од потенцијален иден руски напад, откако ќе се постигне мировен договор.

Украина, која верува дека Русија ќе се обиде повторно да изврши инвазија дури и ако се најде решение за тековната војна, повикува на европски мировни сили и одбранбени гаранции слични на оние на НАТО, кога нејзиното членство во алијансата веќе не се разгледува.

Русија, која го смета проширувањето на НАТО кон своите граници за една од „коренските причини“ за сегашниот конфликт, категорично ги отфрла повеќето од овие сценарија и сака нејзините барања да бидат земени во предвид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ