недела, 29 март 2026

Захарова се закани: Ако Шведска и Финска влезат во НАТО, ќе има сериозни воени последици

Објавено на

часот

Сподели

Ова се наведува во соопштението што на Твитер го објави руското Министерство за надворешни работи.

„Сметаме дека посветеноста на финската влада кон воената политика на неврзаните е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа. Влегувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало сериозни воени и политички последици“, рече Захарова.

Говорејќи на брифинг за новинарите во Москва, Захарова рече дека доколку некоја нордиска земја се стреми да ѝ се приклучи на Алијансата, тоа „ќе има сериозни воени и политички последици, што ќе бара од нашата земја да преземе реципрочни мерки“, пренесе руската новинска агенција.

Иако Финска соработува со Алијансата во некои области и нејзини претставници присуствуваа на денешниот состанок на НАТО во Брисел, таа официјално му се нема приклучено на блокот. Минатиот месец, премиерката Сана Марин рече дека е „исклучително малку веројатно“ Финска да аплицира за членство во НАТО за време на нејзиниот мандат.

Руската закана доаѓа откако шефот на НАТО Јенс Столтенберг денеска објави дека ги поканил Финска и Шведска, кои не се членки на воената алијанса, на вонреден виртуелен самит на кој ќе се разговара за руската инвазија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ