петок, 9 јануари 2026

Захарова: Распоредувањето на западни трупи во Украина ќе се смета за интервенција

Москва ќе го смета распоредувањето на западните војници во Украина како директна интервенција, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја новата декларација на Коалицијата на спремните во која најави дека по прекинот на борбите, ќе испрати меѓународни воени сили во Украина за да ја гарантира безбедноста и да го зачува мирот. Сите такви воени контингенти и објекти ќе се сметаат за легитимни воени цели, соопшти Москва, пренесува РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Распоредувањето на воени единици, воени објекти, магацини и друга инфраструктура на западните земји на територијата на Украина ќе се квалификува како странска интервенција што претставува директна закана за безбедноста не само на Русија, туку и на други европски земји. Сите такви единици и објекти ќе се сметаат за легитимни воени цели“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на министерството.

Реакцијата на Москва следеше откако британскиот премиер Кир Стармер во вторникот објави дека Коалицијата на спремните усвоила декларација за распоредување трупи по постигнувањето мир. Стармер тврди дека, во случај на прекин на огнот, Велика Британија и Франција ќе воспостават воени бази низ целата земја и ќе изградат складишта за опрема за Вооружените сили на Украина.

Захарова нагласи дека овој документ е насочен кон продолжување на милитаризацијата на Украина, како и кон ескалација и ширење на конфликтот. Таа нагласи дека крајот на конфликтот е можен само по отстранувањето на неговите примарни причини, враќањето на Украина во неврзан статус и признавањето на новите територијални реалности.

Додаде дека овие цели ќе се постигнат или дипломатски или во рамките на специјалната воена операција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ