„Мислам дека ова е тактика, стратегија, политички маневар за преговори“, изјави Захарова во интервју за ТАСС.
На 23 септември, за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН, Трамп позитивно одговори на прашањето на новинар дали земјите од НАТО треба да соборуваат руски авиони што го нарушуваат нивниот воздушен простор, а на дополнително прашање за подготвеноста на САД да им помогнат на сојузниците рече дека тоа „зависи од околностите“.






