недела, 29 март 2026

Захарова: НАТО сакаше да ја уништи Југославија, а руската операција во Украина е одбранбена

Објавено на

часот

Сподели

Захарова ја коментираше изјавата на Танјуг дека многу аналитичари ги споредуваат аргументите и воената стратегија на Путин во Украина со онаа што ја користеше НАТО за време на нападот врз Југославија.

„Ваквите споредби не се ниту адекватни, ниту валидни. Знаеме како Западот сака да лажира и да ги искривува фактите. Второ, министерот Лавров претходно денеска на конференцијата потсети дека НАТО ја бомбардираше Југославија. Ги баравте разликите? Значи, НАТО тогаш гаѓаше воена, цивилна инфраструктура, тоа беше ‘тепих’-бомбардирање. Ја бомбардираа кинеската амбасада, рекоа дека е грешка. Колку цивили загинаа затоа што беа на погрешно место во погрешно време поради бомбите на НАТО?“, праша Захарова.

„Која беше целта на бомбардирањето на НАТО? Не да ја урне тогашната власт, туку да ви ја уништи државата. Тоа беше акција против граѓанското општество. Нема да навлегувам во темата за ураниумската муниција. Нашата воена операција има одбранбена цел и ова не е прв пат да се случува ова“, рече таа.

Захарова рече дека режимот од Киев испратил војници на истокот на Украина за да убиваат во 2020 година, како и минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ