недела, 15 март 2026

Захарова: Москва не ја интересираат изјавите на Столтенберг, сакаме вистински дијалог

Објавено на

часот

Сподели

„Не нè интересираат, искрено, навистина можам да ви кажам. Тоа се изјави кои ги дава Столтенебрг, кој е или генерален секретар на НАТО, или банка, сè уште немам сфатено. Тој повеќе не нè интересира. Тоа не е лице чии изјави во Москва ќе се сметаат за сериозни аргументи. Тоа е соборен пилот на НАТО. Затоа ќе се фокусираме на сериозен разговор, ако нашите западни партнери се спремни на тоа“, кажа Захарова на денешниот брифинг.

Столтенберг во Брисел на новинарите пред средбата на министрите за одбрана на АНТО кажа дека движењето на руските сили не потврдува повлекување, како и дека претходно Русија повлекувала трупи од одредена локација, оставајќи ја опремата на место за лесно да може повторно таму да ги врати трупите.

Тој кажа дека, спротивно на вистинско повлекување, НАТО видел дека Русија го продолжува своето воено јакнење, додавајќи дека се надева дека Русија ќе одлучи да се вклучи во дијалог и „да избере дипломатија наместо конфронтација“.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на рускиот претседател Владимир Путин, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, дека е спремен да се ангажира со Западот иако Западот продолжува да ги одбива клучните барања на Москва да го исклучи можното членство во НАТО за Украина и други поранешни советски држави и да ги повлече трупите од Источна Европа од земјите најблиски до Русија, Столтенберг повтори дека само 30 членки на НАТО можат да одлучат кои нации ги исполнуваат условите да се придружат на воениот пакт.

„Русија не одлучува кој ќе биде член на НАТО или не“, кажа Столтенберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ