„Тоа се веќе остварените територијални реалности кои Киев и другите земји треба да ги признаат. Тие се резултат на политиката на самите киевски власти кои дојдоа на позиција преку неонацистичкиот државен преврат во 2014 година“, кажа Захарова за шпанскиот весник АБЦ.
„Крим се врати во составот на Русија, Доњецката и Луганската независна република станаа независни држави. Законскиот и свесен избор на народите и нивното право на самоопределување предвидено со Повелбата на Обединетите нации мора да се почитува“, кажа Захарова.






