Русија, како што наведе, мора да констатира дека владата на Хрватска продолжува да води антируска политика, упорно и систематски.
„Официјален Загреб во својата милитантна русофобија ја достигна точката во која на недипломатски начин, кршејќи ги правилата на пристојност и стандардите на меѓународната комуникација им го ускрати хуманитарниот лет за евакуација на поголема група персонал на руската амбасада во Хрватска, со семејства, вклучувајќи и мали деца“, истакна Захарова.
Таа кажа дека станува збор за луѓе на кои хрватските власти без причина им наредиле да ја напуштат земјата. Хрватската влада претходно протера 24 вработени во руската амбасада во Загреб.






