понеделник, 8 декември 2025

Захарова: Дали Америка повеќе не ја поддржува независноста на Косово?

Објавено на

часот

Сподели

Таа иронично праша дали Вашингтон престанал да го поддржува „суверенитетот на Косово“.

Блинкен претходно изјави дека една од американските цели во преговорите за безбедносните гаранции со Русија е заштитата на основните принципи на меѓународните односи, односно недозволивоста на насилна промена на границите, ограничување на учеството во сојузите, како и воспоставување на сфери на влијание.

„Дали добро разбираме дека Вашингтон повеќе не го поддржува „суверенитетот на Косово“ и не се противи на враќањето на Сирија во Арапската лига?“, искоментира Захарова на Телеграм.

„Меѓутоа, како САД претходно можеа да го прават тоа во однос на региони со кои немаат врска ниту имаат меѓународен мандат за регулирање конфликтни ситуации“, напомена портпаролката, имајќи предвид дека „суштински се против воспоставување на сфери на влијание“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ