Оттогаш, Шведска постојано бележи нови рекордни дневни бројки на заразени со сега целосно доминантната омикрон варијанта. „Веќе не се смета дека патниците претставуваат особен ризик за ширењето на омикрон во Шведска“, се вели во соопштението на владата.
Шведска забележа повеќе од 20.000 новозаразени во изминатите неколку дена, приближно двојно повеќе од рекордниот број во претходните бранови. Бројот на заразени го оптоварува здравствениот систем, но не во иста мера како пред воведувањето на вакцинацијата.






