петок, 2 јануари 2026

За прв пат по 20 години Јапонија ја обвини Русија дека незаконски окупирала четири острови

Објавено на

часот

Сподели

Јапонското Министерство за надворешни работи последен пат го употреби toj термин во својот годишен политички извештај од 2003 година за опис на остров што Москва го нарекува Курилски острови, а Токио Северна територија. Овогодинешниот извештај на Дипломатската сина книга доаѓа кога Јапонија и нејзините партнери од Г7 воведоа остри санкции кон Русија, пред клучната ревизија на јапонската стратегија за национална безбедност подоцна оваа година.

„Најголемата грижа меѓу Јапонија и Русија е Северната територија“, се вели во извештајот, во кој островите се нарекуваат „јапонска територија… која моментално е под незаконска окупација на Русија“. Сличен јазик е користен и претходните години, но без изразот „незаконски окупиран“.

Министерството исто така рече дека украинската криза ќе ги запре јапонските преговори за договор со Русија.

Москва минатиот месец соопшти дека ќе се повлече од преговорите, наведувајќи ја „неможноста“ за продолжување на разговорите „со земја која зазеде отворено непријателски став и се обидува да им наштети на интересите на нашата земја“.

Извештајот објавен во петокот е внимателен во однос на Кина, иако Јапонија претходно изрази загриженост поради растечките поморски активности на Пекинг во регионот.

„Важно е да се изградат конструктивни и стабилни односи меѓу Јапонија и Кина“, се наведува и повторно се изразува загриженоста поради „обидите на Пекинг со сила да го променат статус квото во Источното и Јужното Кинеско Море“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ