понеделник, 8 декември 2025

Вулканска ерупција на дното на Пацификот предизвика цунами (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денешната ерупција, која се случи во 4.10 часот по Гринич, е последна во низата спектакуларни ерупции на вулканот Хунга Хапаи, кој се наоѓа на околу 65 километри северно од главниот град на Тонга, Нукуалофа, пренесува Ројтерс.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат големи бранови што удираат по крајбрежните области носејќи сѐ пред себе, како и снимки од луѓе што бегаат и се обидуваат да се засолнат во своите автомобили.

Метеоролошката служба на Тонга соопшти дека предупредувањето за цунами е во сила на целиот остров.

Во близина на Апиа, главниот град на островот Самоа, американска прекуморска територија, откриените бранови на цунами се високи околу 1,5 метар, објави американскиот Пацифички центар за предупредување од цунами.

Предупредувањето за цунами беше дадено и од Националната служба за вонредни состојби на Нов Зеланд, како и од американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот, но не и од австралиската служба.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ