Вулин за РТС кажа дека постојат „многу основани постапки каде се наоѓа Звицер“ и повтори дека „тој не работи сам, туку дека има политички шеф“.
Според него, тој политички шеф не е во Србија, туку е дел од структурите на власта на некои наши блиски држави“ и дека тој е „човек кој со децении раководи со слични луѓе како Радоје Звицер“..
На прашањето за кого станува збор, српскиот министер кажа дека „не би било коректно да излегува со имиња пред да се поднесе обвинение“.
„Повеќе од јасно е дека луѓето како Звицер ниту настанале ниту постојат без активно учество на политиката и без улога во спроведувањето на одредена политика“, наведе Вулин.






