По пристигнувањето на состанокот, Вучиќ ѝ кажува „тукушто добив порака од Москва“, на што таа одговори: „Добро, да почекаме да се тргнеме“.
Снимката ја објави новинарката на Јуроњуз, Марија Тадео.
The mic is always hot. Serbia’s president Vucic last night «I got a message from Moscow now…» von der Leyen aware of cameras «Let’s…let’s wait till we are…» pic.twitter.com/YoDuGOF44R
— Maria Tadeo (@mariatad) December 11, 2025
Оваа кратка, но значајна размена брзо го привлече вниманието на европските новинари, особено со оглед на чувствителниот момент во односите меѓу Европската Унија и Русија. Брисел постојано ја критикува Србија за неусогласеност со надворешната политика на ЕУ, особено кон Москва.
Сè уште не е познато на што конкретно се однесуваше пораката на Вучиќ, а ниту една страна сè уште официјално не го коментираше настанот.






